АЕК распиша конкурс за 4Г-телефонија

Bez autora
Sep 15 2011

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе распише јавен повик за доделување фреквенција за нудење услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г). Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година. Исто така, се забрзува постапката за пренесување на телефонскиот број од еден на друг оператор. Од понеделник, број во мобилната телефонија ќе се пренесува за еден ден, во фиксната за два дена, а надоместокот што корисниците го плаќаат за услугата се лимитира на 230 денари. Веќе е воведен звучниот сигнал кој го информира повикувачот дека бројот што го бара го сменил операторот без да го промени префиксот. Досега постапката за пренесување на број траеше со месеци, а според евиденцијата на АЕК, дури 70 отсто од обидите на граѓаните завршуваа неуспешно.

АЕК распиша конкурс за 4Г-телефонијаАгенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе распише јавен повик за доделување фреквенција за нудење услуги од четвртата генерација мобилна телефонија (4Г).

Се очекува мобилните оператори да почнат да работат на оваа напредна мрежа, која е нов стандард и на светско ниво и овозможува многу побрз пристап до интернет, во втората половина на 2014 година.

Исто така, се забрзува постапката за пренесување на телефонскиот број од еден на друг оператор. Од понеделник, број во мобилната телефонија ќе се пренесува за еден ден, во фиксната за два дена, а надоместокот што корисниците го плаќаат за услугата се лимитира на 230 денари. Веќе е воведен звучниот сигнал кој го информира повикувачот дека бројот што го бара го сменил операторот без да го промени префиксот.

Досега постапката за пренесување на број траеше со месеци, а според евиденцијата на АЕК, дури 70 отсто од обидите на граѓаните завршуваа неуспешно.

- Воопшто не сме задоволни од досега пренесените 60.000 броеви од воведувањето на услугата во 2008 година. Како цел си поставивме пет проценти од два милиони корисници да го менуваат операторот соодветно на сопствениот буџет и потребите во телефонијата, а да си го задржат стариот број- појасни Орданоски.

Новина е и тоа што АЕК ќе ги одобрува претплатничките договори меѓу операторите и корисниците, обврска што ја немаше досега. Со тоа ќе нема случаи за автоматско продолжување договори од операторите во случај корисникот да не забележи оти тој истекува.

- Целта е да се склучуваат транспарентни и јасни договори во кои детално ќе бидат прецизирани сите општи услови за цените, тарифите и параметрите за квалитет, рокот за плаќање и сл. На овој начин ќе бидат избегнати можните злоупотреби и оштетувања на граѓаните како корисници на услуги. Нема да дозволиме ниту еден граѓанин да претрпи штета, поради нејасни и нетранспарентни претплатнички договори - вели директорот на Агенцијата.

Се скратуваат и роковите за решавање и одговор по приговорите за крајните корисници ако не се задоволни од операторите. Процедурата за одговор и решавање приговор од досегашните 53 дена е скратена на 23 дена. Крајната цел на АЕК е тоа да се сведе на 11 дена.

- Граѓаните може да дадат приговор за каква било причина ако сметаат дека операторите ги оштетиле финансиски или технички. Во секое време нашите служби ќе излезат на терен и ако констатираат прекршување на договорот операторот ќе биде санкциониран соодветно, првин со предупредување, а потоа со казни кои се доста сериозни и се движат до седум проценти од годишниот приход на операторот - наведе првиот човек на АЕК.

Според Орданоски, СМС-пораките не поевтинија од јуни годинава, иако тоа беше најавено, бидејќи овој пазар с` уште не е дефиниран и во европски рамки.

- Започнавме пионерска работа. Меѓу првите во Европа, користејќи комплексна методологија која бара детални и опсежни анализи, се обидуваме да ја постигнеме оптималната цена за СМС-пораките. Само три држави во Европа имаат дефинирано пазар на СМС: Франција, Данска и Полска, ние сме четврта земја, но с` уште ниту една од тие земји не почнала да го регулира тој пазар. Овој проект е во напредна фаза, но за да заврши целосната имплементација на овој вид на регулација потребно е ова прашање да добие европска рамка - вели Орданоски.

Од почетокот на месецов, АЕК ги намали големопродажни цени за терминација во мобилната телефонија со што се очекува да има значајно влијание во формирањето на малопродажните цени, наменети за крајните корисници.

Нова најава за старт на виртурелниот оператор

Виртуелниот оператор ВТИ, по пробивањето на предвидениот рок, на последната средба со Орданоски најавил старт на услуги во фиксната телефонија на крајот на месецов или на почетокот на следниот, а во мобилната телефонија во декември. ВТИ по нотификацијата од АЕК во октомври лани зеде броеви со префикси 073 300, кои имаат важност од три години, но уште не се активирани.

- Имаме постојани состаноци на кои инсистираме што поскоро да почнат со работа затоа што, во спротивно, ќе бидеме принудени да преземе мерки. Три години може да ги користат броевите, но има ставка со која можеме да реагираме ако не ги исполнат условите со добиената нотификација - подвлече Орданоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik